Во пожар што избувнал во продавница во градот Ермосиљо, на северозападот на Мексико, загинале повеќе од 20 лица, пренесуваат локалните медиуми.
Претседателката Клаудија Шејнбаум изрази сочувство до семејствата на загинатите и соопшти дека испратила тимови за помош на повредените и нивните блиски, пренесе „Ројтерс“.
Градоначалникот на Ермосиљо потврди дека бројот на жртвите е голем, а началникот на противпожарната служба изјави дека причината за пожарот сè уште не е утврдена./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


