Centar.mk
СВЕТ

По 20 години изградба, отворен Големиот египетски музеј во Каиро

Во Каиро синоќа беше свечено отворен Големиот египетски музеј, проект што се градел повеќе од дваесет години.

На отворањето присуствуваа околу 40 државници и високи претставници од целиот свет.

Музејот, најголемиот во светот посветен на древната египетска цивилизација, почнал да се гради во 2002 година, според награден проект на ирската архитектка Рошин Хениган и нејзиниот сопруг Ши-Фу Пенг.

Свеченоста беше збогатена со премиерна изведба на симфонија од египетскиот композитор Хешам Незих, во која има и пеење на староегипетски јазик.

Музејот се простира на површина од над 500.000 квадратни метри и содржи 12 галерии со повеќе од 24.000 експонати. Со официјалното отворање, за првпат е изложена целата збирка од 5.398 предмети од гробницата на фараонот Тутанкамон, како и соларниот брод на фараонот Кеопс, преместен од музејот кај пирамидата во новиот комплекс./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ГИ ЗАСИЛУВА НАПАДИТЕ ПРЕД ПРЕГОВОРИТЕ – Украина пријавува прекини на струјата во пет региони

ДЕСК

СИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ПОПЛАВИЈА ГАЗА – Илјадници шатори оштетени, раселените семејства повторно без засолниште

ДЕСК

КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ ПРОГЛАСИЈА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Повеќе од 3.300 мигранти пристигнале на мал остров

ДЕСК