Centar.mk
фотографијата е генерирана со AI за потребите на Centar.mk
СВЕТ

Силни земјотреси и утрово ја стресоа Турција – има повредени, паника меѓу жителите

Нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Синдирги во покраината Баликешир во Турција, кој претходно беше погоден од земјотрес со јачина од 6,1 степен.

Најновиот земјотрес во турската покраина, која веќе е погодена од повеќе од 100 последователни потреси од синоќа до утрово, предизвика голема паника кај жителите.

Уште еден земјотрес со иста јачина го погоди синоќа округот Синдирги во Баликешир, кој беше погоден од земјотрес со јачина од 6,1 степен на 10 август.

По земјотресот со јачина од 6,1 степен што беше почувствуван во многу градови во регионите на Мраморното и Егејското Море, како што се Измир, Бурса, Истанбул, Текирдаг, Коџаели и Сакарја, се случија повеќе од 100 последователни потреси.

22 лица се повредени, а три напуштени згради и една продавница се уништени.

Можеби ќе ве интересира

Волк побегнал од зоолошка градина во Токио, брзо бил фатен

C +

Донбас и Запорожје во фокусот на разговорите Зеленски–Трамп

C +

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма

C +