Како што пишуваат српските медиуми страотна сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 00:50 часот во Нов Белград, на улицата Омладински бригада, каде се судрија два автомобила.
Во тешката сообраќајка загинаа три лица од едното возило – цело семејство – Маж (роден 1982 година), Жена (родена 1987 година), Дете (родено 2016 година)
, соопштија надлежните.
Возачот на другиот автомобил е уапсен под сомнение дека бил пијан и ја предизвикал несреќата.
Судирот се случил помеѓу Ауди и Хјундаи.
Возачот на Аудито, идентификуван како Н. Ѓ. (роден 2001 година), државјанин на Босна и Херцеговина, е уапсен веднаш по несреќата.
„Утврдено е дека возел под дејство на алкохол со содржина на алкохол во крвта од 1,17 промили“, соопшти Ивица Дачиќ, МВР на Србија.
Осомничениот Н. Ѓ. ќе биде приведен до 48 часа и, со кривична пријава за тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз, ќе биде однесен во надлежното обвинителство.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


