Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ПРОМОБИЗНИС

УЈП со важна информација до фирмите кои се даночни обврзници

Управата за јавни приходи упатува повик до сите даночни обврзници: поднесете ги ДДВ-04 пријавите и платете го даночниот долг за изминатиот даночен период навреме и одговорно.

Поради скратената работна недела, даночните обврзници располагаат со пократок рок за навремена подготовка и поднесување на даночните пријави и плаќање на даночниот долг. Законскиот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 октомври (сабота), а бидејќи е неработен ден, истиот се поместува за првиот нареден работен ден – понеделник, 27 октомври 2025 година.

Во овој период се поднесуваат месечни и тримесечни ДДВ-04 пријави, па во таа насока апелираме до даночните обврзници обврските да се исполнат навремено и да не го чекаат последниот ден од законски утврдениот рок, со цел да се избегне преоптоварување на системот и можни технички пречки во последен момент.

Важно е да се напомене дека поднесувањето на пријавата без истовремено плаќање на долгот не ги исполнува законските обврски. Само со целосно точно и навремено поднесување на пријавата и плаќање на обврските, се избегнуваат дополнителни камати, санкции и непотребен стрес.
Навременото исполнување на даночните обврски не само што придонесува за финансиска стабилност на деловните субјекти, туку и за правилно усогласување со даночните прописи, што е од клучно значење за стабилноста и ефикасноста на даночниот систем.

Делувајте одговорно и исполнете ги обврските на време за да придонесете кон стабилна и функционална даночна практика.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите во Албанија ќе добијат новогодишен бонус – издвоени речиси сто милиони евра

ДЕСК

Следното покачување на минималната плата дури во март 2026: Што дотогаш?

ДЕСК

Курсна листа за 23-ти октомври 2025 – Колку чини доларот, а колку еврото?

ДЕСК