Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ПРВО СОНЦЕ, ПА НЕВРЕМЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

Прогноза за 25.10.2025
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 17°C до 22°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 26.10.2025
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 18°C до 23°C

Променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 27.10.2025
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 15°C до 22°C

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над70 km/h).

извор УХМР

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +