5. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турскиот парламент ќе разгледува закон за построги казни за малолетници кои извршуваат тешки кривични дела

Турскиот парламент во наредните денови ќе започне разгледување на предлог-закон кој предлага построги казни за малолетници кои извршуваат тешки кривични дела, објавија локалните медиуми.

Промените се разгледуваат од страна на парламентарната комисија за правда, која е составена од претставници на владејачката Партија на правдата и развојот, како и правни експерти.

Според предложените измени во кривичниот закон, горната граница за должината на казната за лица постари од 15 години и помлади од 18 години ќе се помести на 27 години затвор.

Доколку сторителот на тешко кривично дело бил малолетник во времето на извршувањето и постар од 15 години, може да биде осуден на затворска казна од 18 до 27 години.

Според законот, малолетниците на возраст меѓу 15 и 18 години кои ќе извршат убиство со умисла нема да добијат намалена казна ако се утврди дека убиството е извршено на суров и однапред смислен начин или ако претходно биле осудени за други кривични дела./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

C +

Кина ѝ испраќа разузнавачки податоци на Русија за попрецизни напади врз Украина, вели украински разузнавач

C +

Групата Г7+ одржа итен состанок за помош на Украина по новите руски напади на енергетската инфраструктура

C +