Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Следната година буџетот за култура ќе изнесува 26 милиони денари, ги поддржуваме македонските изведувачи

Општина Центар, изминативе години бележи значаен напредок во поддршката за култура, за само три години годишниот буџет за културни активности е зголемен од 3 милиони на 13 милиони денари.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакнува дека општината секоја година вложува за развој на културата, преку културни активности во кои се ангажираат исклучиво македонски уметници.

„Секоја година реализираме разновидни културни содржини, како концерти, гастрономски фестивали, изложби, улични перформанси и многу други настани. Во 2021 година буџетот за култура изнесуваше 3 милиони денари, а денес, само три години подоцна, достигнува 13 милиони денари. И тоа не е нашата крајна цел. Веќе за следната година планираме буџет од 26 милиони денари, за да обезбедиме уште поголема поддршка за македонските уметници. Општина Центар ги вреднува македонските музичари, уметници и креативци, и ќе остане простор во кој тие секогаш ќе бидат добредојдени и поддржани“, вели Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки, вели СДСМ

ДЕСК

Објавена нова листа на должници – еве кој колку должи за данок

ДЕСК

Левица: Штедење врз грбот на студентите: Власта ги крати стипендиите за социјалните категории и за одличните

ДЕСК