Поранешниот британски премиер Борис Џонсон го нарече убиството на Чарли Кирк трагедија и знак на крајна очајност и кукавичлук на оние што не можеа да го победат на дебата.
„Убиството на Чарли Кирк е трагедија и знак за крајниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат на дебата. Чарли Кирк не беше убиен затоа што застапуваше екстремистички ставови – затоа што не ги застапуваше.
Бонус видео:
Тој беше убиен затоа што кажа работи што некогаш беа здрав разум. Тој беше убиен затоа што имаше храброст јавно да се залага за разумните мислења на милиони и милиони обични луѓе и во САД и во Велика Британија. Светот има нов маченик за слободата на говорот. Нашите мисли и молитви се со неговото семејство и со најблиските“, напиша Џонсон на X./Извор:Makfax


