Centar.mk
СВЕТ

Две жени се удавија во морето во Бугарија

Два смртни случаи во вода се регистрирани денес на јужниот брег на Црното Море.

Околу 12:50 часот, 56-годишна жена од Софија се удавила на незаштитениот дел од плажата Делфин во близина на Ахтопол.

Еден час подоцна, околу 13:20 часот, на јужната плажа во Поморие, во морето почина 72-годишна туристка од Финска, која пристигнала во Бугарија на 16 август со својот сопруг.

Во двата случаи, телата се однесени на обдукција во Одделот за судска медицина при Универзитетската болница – Бургас. Работата за расветлување на околностите продолжува./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Со вперени пушки израелската војска приведе екипа на Си-Ен-Ен

C +

Чешка вели дека нема пари за одбрана за да ја исполни целта на НАТО

C +

Трамп: Зошто би биле ние тука за НАТО, ако тие не беа тука за нас

C +