Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Земјоделството останува врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Со вреднување на трудот, преземање конкретни мерки и редовна и навремена исплата на субвенции, се враќа достоинството на земјоделците.
Земјоделците се едни од најважните чинители на македонското општество, кои со својот неуморен труд и вредни раце, обезбедуваат храна за македонските трпези.
Македонските земјоделци ја добиваат заслужената грижа од државата, на скоро 8.000 земјоделци се исплатени над 407 милиони денари, директни плаќања.
Имено, во рамките на Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, исплатени се 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци, односно градинари, за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети.
Висината на директните плаќања се однесува на предадените култури за периодот мај-јуни и ноември-декември 2024 година, која изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури, додека за пиперката од сортата куртова капија висината на директните плаќања изнесува 5 денари по килограм.
Паралелно на ова, од Програмата за финансиска поддршка за 2025 година се изврши исплата од над 147 милиони денари кон 3.686 земјоделци за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.
Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по литар за кравјо млеко и 7 денари по литар за овчо и козјо млеко, а овие исплати се однесуваат за период јануари, февруари и март 2025 година.
Со ова, континуирано и навремено продолжува поддршката кон градинарството и сточарскиот сектор, и воопшто на целокупното земјоделство за зголемување на земјоделските производи и површини и нивната конкурентност.
Од почетокот на мандатот на Влада кон земјоделците се исплатени над 11 милијарди денари, што ја покажува и потврдува посветеноста за развој на македонското земјоделство.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...