Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ДЗС: Пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани убојни средства од Првата светска војна во близина на граничниот премин Меџитлија и во Старо Градско

Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираа две интервенции за отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) останати од Првата светска војна.

Првата интервенција беше спроведена во близина на граничниот премин Меџитлија, кон Р. Грција, на терен кој претходно беше зафатен од голем шумски пожар. По пријава од граничната полиција, пиротехничарот на ДЗС подигна две артилериски гранати со калибар од 75 mm, без запалки.

Втората интервенција се одвиваше во Старо Градско, на локацијата викана Песоци, во близина на реката Вардар. По пријава од полициската станица во Градско, од терен беа безбедно отстранети една артилериска граната (75 mm), една минофрлачка граната (75 mm) и две артилериски гранати (85 mm), исто така од периодот на Првата светска војна.

И покрај ограничените човечки ресурси, ДЗС успешно одговори на двата повика за интервенција во овој изминат еднонеделен период. Пиротехничарот Ѓорги Стефанов ги подигна и транспортираше пронајдените средства до безбедна локација, каде што беа складирани до нивното уништување во Центарот за воена обука „Криволак“.

Дирекцијата за заштита и спасување апелира до граѓаните, при пронаоѓање сомнителни предмети, веднаш да известат на 112 во ЦУК, или најблиската полициска станица или пак до регионалното одделение на ДЗС, и во никој случај самостојно да не постапуваат со пронајдените средства.

Фото ДЗС/9.8.2025

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК