Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Прес на Бране Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?

– Каде се сега СДС да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага? – праша Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ.

– Со месеци СДС лицемерно глумеа различни страни со главниот обвинител Коцевски, се додека не дојде на ред неговата фотеља, па мораа да запрат со глумата и да го спасат, за тој да продолжи да ги штити нив,рече Петрушевски.

Петрушевски обвини дека претходно СДС лажно го напаѓаа главниот обвинител Коцевски, сакајќи да направат привид дека тој работи по закон, тој им ги штитеше функционерите кои беа потонати до гуша во криминал.

– Повеќе од година дена главниот обвинител Коцевски релативизираше за СДС и нивните функционери.

Ниту еден човек функционер до Заев или Филипче не завршил во затвор, за сите или има спогодби или обвинителството прогледува низ десет прсти кога ги пишува обвиненијата.

И сега кога се демаскирани, молчи СДС, молчи главниот обвинител Коцевски, ги нема збор да изустат, но важно им е дека се си тече, Коцевски ќе си седи уште некое време во фотеља, а луѓето на Заев и Филипче ќе останат да бидат заштитени.

Овој однос на СДС го урива правниот систем и за тоа се директно одговорни. Казната за ваквото држење во заробеништво на правдата ќе дојде на избори. Народот памти и не заборава, порача Петрушевски.

ВИДЕО: ВМРО – ДПМНЕ
ФОТО: Скриншот/видео на ВМРО ДПМНЕ/јутјуб

Можеби ќе ве интересира

11.000 ПОЛИЦИСКИ СЕМЕЈСТВА БЕА ВО НЕИЗВЕСНОСТ – МВР соопшти дека здравственото осигурување е повторно обезбедено

ДЕСК

БРИСЕЛ СО ОСТРА ПОРАКА ДО МАКЕДОНИЈА – „Блокадата не е во ЕУ, туку во самата земја“, порача директорот за проширување

ДЕСК

ИАКО ВРЕМЕТО Е ТОПЛО, ОБВРСКАТА ВЕЌЕ ВАЖИ – Еве каква зимска опрема мора да имаат возачите за да избегнат казни

ДЕСК