Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Општина Центар
-ЛОКАЛНО

(ВИДЕО) Герасимовски: Инвестициите во спортот се наш приоритет, фискултурната сала во Димитар Миладинов со нив лик

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека отпочната е реконструкција на фискултурната сала во ООУ „Димитар Миладинов“ во Центар, со што продолжува заложбата за создавање квалитетни услови за воспитно-образовниот процес и за унапредување на спортската инфраструктура во училиштата.

Реконструкцијата предвидува санација на подот, реконструкција на ѕидовите и внатрешната кровна површина, замена на дотраените прозорци и бележење на спортскиот терен.

Герасимовски, нагласува дека инвестициите во образованието и спортот остануваат меѓу клучните приоритети на општината.

„Во изминатиот период значително ги подобривме условите во сите основни општински училишта на територија на Општина Центар. Посветено работиме на создавање современи, достапни и безбедни училишни простори, како за наставата, така и за спорт и рекреација. Еден од нашите стратешки приоритети е поддршката на спортот и поттикнување здрави животни навики кај младите. Со реконструкцијата на оваа фискултурна сала, учениците ќе добијат простор што инспирира, мотивира и ги охрабрува да бидат физички активни, што е особено важно за нивниот психофизички развој“, вели Герасимовски.

фото Општина Центар

Можеби ќе ве интересира

Овој градоначалник ветува дека субвенцијата за новороденче ќе се зголеми од пет илјади на 30.000 денари

ДЕСК

Герасимовски: Обезбедуваме 200 канти за отпад од домашни миленици со бесплатни кесички

ДЕСК

Платила во туристичка агенција за патување 2.000 евра во кеш – ниту видела патување, ниту парите

ДЕСК