Centar.mk
фото Министерство за здравство
МАКЕДОНИЈА

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката за детски болести присуствуваше на настан по повод промоција на дигитален мобилен рендген апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија.

– Станува збор за дигитален мобилен рендген апарат, во вредност над 60 илјади евра. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на здравствената грижа за најмладите пациенти. Изразувам длабока благодарност до Амбасадата на Јапонија, а особено до амбасадорката, Сецуко Кавахара, за нејзиниот личен ангажман и за долгогодишната, пријателска и плодна соработка. Оваа донација е уште еден доказ за силното партнерство меѓу нашите две земји и за вистинската грижа на Јапонија кон градење отпорен и хуман здравствен систем, изјави д-р Мемеди.

Тој изрази благодарност за поддршката и до Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава, и до нејзиниот шеф, Аким Али, за континуираната поддршка во развојот на здравствените политики.

Амбасадорката на Јапонија во нашата држава, Сецуко Кавахара потсети дека во рамки на заедничката соработка веќе се имплементирани над 70 проекти во здравствениот сектор и истакна дека поддршката за оваа клиника значи придобивка за пациентите од целата држава.

Воедно директорот на Детска клиника, д-р Реџеп Мемеди се заблагодари за значајниот придонес за унапредување на здравствените услуги во оваа клиника, како врвна терциерна установа која годишно згрижува над пет илјади деца со најсложени здравствени состојби.

– Новата апаратура за нас претставува чекор напред во унапредување на здравствената грижа за најмладите пациенти, посочи д-р Мемеди.

фото Министерство за здравство

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

ДЕСК

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

ДЕСК