Centar.mk
СВЕТ

Драма во небото: птица го скрши носот на авион, принудно слета во Мадрид

Патнички авион на „Ербас“ е приземјен откако беше тешко оштетен во удар од птица при полетување од шпански аеродром, објавува „Дејли мејл“.

Летот IB579 на „Ибериа“, кој требаше да полета од Мадрид за Париз денес попладне, мораше да се врати на аеродромот Адолфо Суарез Мадрид-Барахас бидејќи удри во голема птица при полетување.

Фотографиите од аеродромот покажуваат дека носот на авионот е сериозно оштетен, а дел од материјалот на предниот дел целосно отпаднал.

Според подаатоците на „Флајтрадар“ авионот направил краток круг над Мадрид пред да слета, нешто повеќе од еден час по полетувањето./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Морничава глетка: Небото за миг се обои во крваво црвено, животот запре

ДЕСК

Седум лица тешко повредени во Англија откако автомобил удрил во пешаци

C +

Втор ракетен напад од Јемен кон Израел од почетокот на војната во Иран

C +