Centar.mk
-БИЗНИС

Поништена јавната набавка за 120 електрични еколошки автобуси

Ве информираме дека Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење, соопшти Министерство за транспорт.

Имено на јавниот повик кој беше објавен 17 јуни со краен рок за достување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија достави понуда.

По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набаака, утврди дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик.

Министерството за транспорт во следниот период ќе направи дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информира јавноста, соопштија од таму.

Можеби ќе ве интересира

Оваа грешка многу граѓани ја прават со сметките за струја, вода и данок – после следуваат камати

ДЕСК

Државата дели по 3.000 денари за вработени млади до 23 години

ДЕСК

Филипче: Мицкоски да не го користи нон-пејперот на Мерц како алиби за неисплнување на реформите

ДЕСК