Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Маж од радовишко паднал од трактор и бил прегазен, лишен од слобода возачот на тракторот

На 25.07.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека за укажување на лекарска помош бил донесен Р.Ѓ.(72) од село Воиславци, радовишко, кој се здобил со повреди при пад од трактор на место викано „Стопанството“, во атар на село Воиславци, радовишко.

Тој бил пренесен во Медицински центар Штип, каде починал. Извршен е увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, трудов инспектор и екипа на ОВР Радовиш, при што било утврдено дека Р.Ѓ. превезувајќи се на трактор управуван од Р.П.(58) од с. Раклиш, радовишко, додека седел на десната страна во кабината, паднал од тракторот, по што бил прегазен со задната десна гума на тракторот. По наредба на јавен обвинител, возачот на тракторот Р.П. е лишен од слобода, а телото на починатиот е дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Со години ја чекаа среќата: Овие два хороскопски знаци влегуваат во најубавиот период од својот живот

ДЕСК

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК