Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ИЗДРЖЕТЕ УШТЕ ДВА ДЕНА НА ОВИЕ ЖЕШТИНИ: Доаѓа ПАД на температурите и ДОЖД со засилен ветер! – Детална прогноза за претстојните денови

Под влијание на топол бран до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули и ќе биде во интервал:
– Југозападен, источен и североисточен регион од 34 до 38°C
– Полошкиот регион од 32 до 38°C
– Пелагонија 38 до 40°C
– Скопски, Вардарски и југоисточен регион од 38 до 43°C

Во сабота ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

Прогноза за 26.07.2025
Минимална температура: 14°Cдо 23°C
Максимална температура: 36°C до 43°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 27.07.2025
Минимална температура: 14°C до 24°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта од северен правец.

Прогноза за 28.07.2025
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 36°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Крвав инцидент со пукање во Скопје: Младо момче рането со остар предмет од друго лице кое подоцна се вратило со огнено оружје и пукало

ДЕСК

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со поголема Коалиција изгуби 140.000 гласови и тоа е сериозен политички сигнал

ДЕСК

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

ДЕСК