11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Илјадници луѓе заглавени на руските аеродроми поради напади со дронови

Големи украински напади со беспилотни летала врз Русија резултираа со целосен хаос на главните аеродроми во Москва денес, при што илјадници патници чекаат во редови или спијат на подот од аеродромите откога летовите беа откажани или одложени, објавија руските медиуми.

Видеата објавени од руските медиуми покажаа луѓе како чекаат во редови или спијат на подот на „Шереметјево“, најпрометниот аеродром во Русија според бројот на патници.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило 117 беспилотни летала преку ноќ, вклучувајќи 30 над Московскиот Регион, откога претходниот ден беа соборени 172 беспилотни летала, вклучувајќи исто така 30 над Московскиот Регион.

Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ накратко воведе ограничувања за ноќните летови на главните московски аеродроми: „Шереметјево“, „Внуково“, „Домодедово“ и „Жуковски“.

Неколку илјади луѓе беа блокирани на далечниот исток на Русија поради откажани летови во европскиот дел на Русија, а дополнителни возови беа пуштени во сообраќај за да им се овозможи на патниците да се вратат во Москва од северниот руски град Санкт Петербург, објавија руските медиуми.

Москва и околниот регион се дом на најмалку 21,5 милион луѓе./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Борис Џонсон: Убиството на Чарли Кирк е знак за крајниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат на дебата

C +

Конгресот на САД одобри 342 милиона евра воена помош за Украина

C +

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

C +