Centar.mk
СВЕТ

Ракети погодија брод во Оманскиот Залив

Товарен брод е погоден од две неидентификувани ракети во Оманскиот Залив, соопшти агенцијата UKMTO.

На бродот избувнал пожар, а пакистански воен брод пружил помош, објави UKMTO.

Нападот се случил околу 112 наутички милји југоисточно од Рас Ал Хад во Оман, се додава во објавата на платформата Икс.

„Не е познато кој стои зад нападот. Ќе ве известиме штом ќе имаме повеќе информации“, додаваат од UKMTO./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американец почина од хантавирус: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“

C +

Нов Зеланд отпушта 14 проценти од вработените во јавниот сектор поради штедење

C +

Иран објави што сака од САД: укинување на санкциите, крај на блокадата и компензација

C +