Centar.mk
СВЕТ

Претставник на Иран во ОН: Земјите што им помогнаа на САД и Израел во војната да платат отштета

Претставникот на Иран во Обединетите нации (ОН) побара обештетување од земјите за кои тврди дека учествувале во нападите на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел врз таа земја.

Претставникот Амир-Саид Иравани тврди дека Бахреин, Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Јордан го прекршиле меѓународното право, објавува Гардијан.

Тој рече дека земјите мора „да ја компензираат целосната штета предизвикана на Исламската Република Иран, вклучително и исплатата на обештетување за целата материјална и морална штета предизвикана од нивните меѓународни прекршувања“.

Иравани вчера ја осуди блокадата на иранските пристаништа од страна на САД како „тешко кршење“ на неговиот суверенитет./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ЈЕМЕН – Десетици загинати во воздушни напади во близина на Сана

ДЕСК

КРВАВ НАПАД ВО ПОЛСКА – Шестмина загинати и 15 повредени во пукање во Краков

ДЕСК

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК