Centar.mk
Uncategorized

Филипче: Време е за правда, Груевски мора да се врати и да одговара

Доаѓа време за вистина, за правда и за одговорност, историската победа на Тиса и Петар Маѓар во Унгарија донесоа крај на уште еден долгогодишен срам за Македонија, Груевски мора да се врати и да одговара, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче ја поздрави пораката од новата унгарска власт дека ќе ги испорача оние кои бегаат од правдата, а се кријат на нејзина територија.

„Ја поздравувам јасната и недвосмислена порака на новиот унгарски премиер Петар Маѓар од вчерашната прес конференција. Новата унгарска власт повеќе нема да обезбедува засолниште на луѓето кои бегаат од правдата. Маѓар експлицитно наведе дека Унгарија ќе ги испорача оние кои се кријат на нејзина територија и директно го означи Никола Груевски како криминалец. Ова е конечен крај на ерата во која Будимпешта беше безбедно засолниште за сите осудени корумпирани криминалци“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче побара власта да одговори дали има поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски, и ако нема зошто нема.

„Бидејќи движењето ЗНАМ веќе честиташе на победата на новиот унгарски премиер, сега го поставуваме следното прашање, има ли барање за екстрадиција досега оваа влада на ВМРО и ЗНАМ поднесено за враќање на Никола Груевски. Доколку нема, зошто нема? И доколку нема, дали денеска, во текот на денот после изјавата на новиот унгарски премиер ќе поднесат барање за екстрадиција на Никола Груевски во земјата. Правдата колку и да доцни, на крајот секогаш стига. Време е за правда. Време е за Европа кај нас и во цела регион“, рече Филипче.

Воедно, Филипче потсети дека Груевски со години уживаше гостопримство од Виктор Орбан кој го штитеше од правдата.

„Сега се поставува следното прашање, што ќе прави Никола Груевски, осудениот бегалец и симбол на корупција и злоупотреба на власта, кога повеќе нема заштитник во Будимпешта? Години наназад уживаше гостопримство од Виктор Орбан кој го штитеше од правдата. Ќе бега ли на друго место, во Русија или во некоја друга земја или ќе се врати тука да ја отслужи казната?“, рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Ќе му тргне со пари: Втората половина од март носи прилив за еден хороскопски знак

ДЕСК

Полицијата во потрага: Непознат сторител украл производи од маркет во Тетово

ДЕСК

Премиерот Мицкоски утре во посета на Кочани

ДЕСК