Centar.mk
СВЕТ

Три лица извлечени од морето во различни делови на Грција: меѓу нив и српски државјанин

Три лица, меѓу кои и еден српски државјанин, беа извлечени во несвест од морето во различни делови на Грција, соопшти крајбрежната стража.

Во раните утрински часови во среда, 88-годишен грчки државјанин беше извлечен во несвест од морето во областа Агиос Андреас Малаконтас во Еретрија, според Прототема.

Неколку часа подоцна, 69-годишен српски државјанин беше извлечен во несвест од морето во Олимпискиот брег во областа Пиерија.

Во трет инцидент, друг грчки државјанин (61) беше извлечен од морето во пристаништето Милина во општина Јужен Пелион.

За сите три инциденти, надлежните пристанишни власти спроведоа прелиминарна истрага и беше наредена обдукција.

Вчера сите беа шокирани од веста за смртта на 13-месечно бебе од Србија, кое се задуши додека беше на плажа со своите родители на Халкидики. Момчето се задавило со храна додека било во бар на плажа во областа Ормос Панагиас./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иранската државна телевизија емитуваше закана по животот на американскиот претседател Доналд Трамп

ДЕСК

Непотврдени наводи за погубување на младиот демонстрант, САД реагираат со ново предупредување

ДЕСК

Мецола: ЕУ не смее да го чека Трамп, притисокот врз Иран мора да биде итен

C +