Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: За СДС, училишните клупи беа место за партиска пропаганда

Кога станува збор за партизација на институциите, СДС прво нека се погледне себеси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Партиските функционери на СДС организираа партиски настани во основни училишта.

СДС ги претвори училишните клупи во место за партиска пропаганда.

Наследството во образованието што го оставија СДС и ДУИ беше катастрофално, образованието беше во длабок минус, учениците беа оставени без учебници, наставниот и стручниот персонал беа без достоинствени примања, а образовната инфраструктура беше запоставена“.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од владејачката партија, ги зголеми платите за над 12 проценти, се градат факултетски објекти и има зголемени стипендии. /Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК