Граѓански организации, синдикати и активистички движења најавија демонстрации во повеќе од 30 француски градови, посветени на спречувањето на насилството врз жените.
Протестни активности се предвидени во Париз, Лион, Марсеј, Лил и други градови. Организаторите бараат подобра институционална заштита и конкретни законски мерки против сексуалното и родово базираното насилство.
Во француската престолнина се најавени два одделни протестни марша со почеток во попладневните часови.


