8. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
photo created by AI
РЕГИОН

Полицијата приведе 79 демонстранти во Србија вклучувајќи и универзитетски професор

Речиси 80 демонстранти беа приведени вклучувајќи и еден универзитетски професор, а неколку лица беа повредени вчеравечер кога полицијата интервенира разбивајќи ги блокадите поставени во акции на сè помасовната граѓанска непослушност, на која повикаа студентите, по антивладиниот митинг на 28 јуни.

Студентите ја обвинија полицијата за брутален напад врз мирни демонстранти, кои седеа на раскрсница пред Правниот факултет, и за кршење на автономијата на универзитетот со обид за упад на Факултетот, тврдење што Министерството за внатрешни работи категорично го негира. Полицијата само во оваа операција привела 23 лица.

Според објавите на социјалните мрежи, приведена е и универзитетската професорка и активистка за човекови права, Билјана Стојковиќ.

Во ново соопштение во четвртокот наутро Министерството за внатрешни работи објави дека синоќа ги проверило идентитетите на вкупно 1.297 лица на терен, а 79 од нив се приведени – 72 за помали прекршоци и седум за кривични дела.

Сите блокади на територијата на Србија и во Белград се отстранети и сите патишта се проодни, додаде Министерството за внатрешни работи.

За денес се најавени акции на граѓанска непослушност во неколку градови./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ реагираше на статија на „Гардијан“, ја објавија во рубриката „писма од читатели“

C +

(Видео) Вучиќ рече „ќе ги намалиме потрошувачките кредити“, а потоа замолчи и ја смени темата

C +

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

C +