Centar.mk
СВЕТ

Најстуден 30 јуни во Москва откога почнаа да се мерат температурите

Метеоролозите вчера во Москва го регистрираа најстудениот 30-ти јуни откако се мерат температурите.

„Москва денес сруши рекорд: толку студен 30-ти јуни никогаш не е виден. Во нашиот главен град, последниот ден од јуни беше најстудениот во целата историја на главната метеоролошка станица. Во 15 часот по московско време, термометарот покажа само плус 12,6 степени“, напиша на Телеграм Евгениј Тишковец, висок член на метеоролошкиот центар Фобос.

„Ова ги срушува претходните рекорди од 1962 и 1976 година, кога на 30-ти јуни беа регистрирани плус 14 и плус 14,7 степени“, додаде тој.

Што се однесува до понатамошната временска прогноза за руската престолнина, денес се очекуваат ниски температури, слични на вчерашните. Сепак, утре се очекува затоплување./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НЕКОГАШ СЕ ПРАЗНУВАШЕ ВО ЦЕЛА ЈУГОСЛАВИЈА – Што се случи со празникот 29 Ноември?

ДЕСК

ЕВРОПА СО ВНИМАНИЕ ГЛЕДА КОН ШПАНИЈА – Изборниот исход може да го промени политичкиот баланс

ДЕСК

ПАТНИЦИТЕ ПРЕД НОВИ ПРОБЛЕМИ – Најавен четиридневен штрајк на париските аеродроми

ДЕСК