Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Влада: Преку кампања купувај домашни земјоделски производи ќе го зголемиме производството и потрошувачката

-Преку кампањата купувај домашни земјоделски производи го стимулираме растот на домашната економија и директно влијаеме врз зголемување на потрошувачката на земјоделските производи кои ги произведуваат македонските земјоделци, соопшти Владата.

„Целта на оваа кампања на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да се промовира домашното производство и да се зголеми сопственото производство.

Граѓаните ќе можат да купуваат домашни земјоделски производи во маркетите, а секој производ кој е произведен во Македонија или е увезен од надвор ќе биде обележан.

Со ова не само што ќе се зголеми побарувачката на пазарот, туку ќе се зголеми и земјоделското производство. Ако претходно имавме состојба каде што се напуштаа нивите, сега ќе ги поттикнеме земјоделците со својот труд да се вратат на полињата.

Наша основна цел е Македонија да ја направиме земјоделски независна држава.

Владата преку конкретни мерки и чекори кои директно помагаат за развој на домашната економија и раст на БДП.

Една година Влада значи целосна посветеност и реализација на проекти.

Земјоделците се наш фокус и продолжуваме заедно да градиме одговорни политики кои ќе ги задоволат нивните барања и потреби.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ТЕМПЕРАТУРИТЕ СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ЌЕ СКОКНАТ И ДО 34°C, НАЈАВЕНО Е И НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните денови

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Заталкано зрно оштетило предмет во двор

ДЕСК

МАЈКА ПРИЈАВИЛА НАПАД ВРЗ СВОЈОТ СИН: Инцидент на игралиште во штипско

ДЕСК