Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Мицкоски: Над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што ќе донесе британскиот договор за македонското здравство и каков вид на инвестиции, изјави:

„Па тоа што го разговаравме во првата фаза, е инвестиција којашто ќе биде поголема од 200 милиони евра. Но, за тоа колку точно ќе биде, ќе треба процесот да отпочне, исто онака како што отпочна за пругата. Министерството за здравство треба да побара од Министерството за финансии, да направи условно кажано, тендер со којшто финансиски институции и банки ќе изразат подготвеност и интерес да го финансираат тој проект и нормално најдобрите услови коишто ќе бидат понудени, ние ќе ги прифатиме и одбереме. А во суштина што опфаќа, Опфаќа довршување на Клиничката болница во Штип, изградба на Медицински факултет заедно со нов студентски дом од 200 легла, изградба на Болницата во Кичево со здравствен дом и целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово. Тоа е она коешто е во прва фаза, да видиме, да почнеме. Имаме рамка, имаме средства слободни за да влеземе и во втора фаза, а тоа е оној долго ветуван голем Клинички центар во Скопје.“

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК