Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над 9 милијарди денари

-Земјоделството е стратешки приоритет на Владата. Исплатени над 9 милијарди денари субвенции на над 70.000 земјоделци, соопшти Владата.

„Се врши редовна исплата на субвенциите и со тоа им се дава директна поддршка на земјоделците да продолжат со своето производство.

За една година, Владата и МЗШВ успеа да ги исплатат заостанатите субвенции на земјоделците за сите категории од 2021, 2022, 2023 година, а се исплаќаат и тековните субвенции.

Покрај ова, како Влада успеавме да ги подобриме земјоделските политики и наместо земјоделските производи да се фрлаат, истите сега се откупуваат по пристојни цени од страна на откупувачите.

Промените се очигледни. Тие се случуваат. Времето на промените е тука, работиме и ја вреднуваме маката на земјоделците.

Оваа Влада е земјоделска и земјоделците после 7 години конечно имаат партнер.

Го враќаме нивното изгубено достоинство.

Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа!“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК