Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците

-За една година Владата исплати над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции за сите категории на земјоделци, соопшти Владата.

„Над 9 милијарди денари одат директно во џебовите на земјоделците.

Наша обврска како Влада е субвенциите да се исплаќаат навремено и неселективно. А не како претходно кога земјоделците беа целосно заборавени, понижени и поделени.

Со ова директно ги помагаме земјоделците и поттикнуваме раст на земјоделското производство, сѐ со цел да се подготват за следната година, а не како претходно кога поради неисплатени субвенции и доцнење имавме пад на земјоделското производство.

Македонија се трансформира. Една година Влада значи одговорно и посветено работење во интерес на земјоделците.

Го вреднуваме трудот на македонските земјоделци.

Земјоделството е еден од најважните столбови за економски напредок и развој на Македонија.

Се обврзавме пред земјоделците и ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија!“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: На момче му ги украле парите и мобилниот телефон во 9 часот сабајле

ДЕСК