Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: Подадов рака за вистински реформи во судството, но ВМРО-ДПМНЕ не го сака тоа

Правдата беше едно од клучните ветувања на оваа власт – и токму таму најмногу разочара. Реформите во судството не само што не се случија, туку се целосно блокирани. Власта сака судство под нејзина контрола – не независна правда. Ова го истакна Венко Филипче на трибината „Македонија понижена – Една година Влада“.

– Ветуваа реформи во судството. Ова беше клучно ветување за горда Македонија. Јас искрено верував во тоа, подадов рака за тие реформи. Бев дури и кај премиерот и повикав на лидерска средба токму за тие реформи, рече Филипче.

Тој посочи дека за цела година не е донесен ниту еден вистински реформски закон, а состојбата во правосудниот систем е загрижувачка.

– А што добивме? Обвинители кои се под закани, судии под притисоци. Добивме целосна блокада на реформите и ниту еден донесен реформски закон. Ниту еден – за цела година, потенцира Филипче.

Според него, причината е очигледна – ВМРО-ДПМНЕ не сака вистинска правда, туку систем кој ќе ги штити.

– Од што се плаши ВМРО-ДПМНЕ? Се плаши од независно судство, се плаши од европски закони и контрола. Се плаши од секој механизам кој може да донесе вистинска правда – не само за минатите, туку и за сегашните функционери, посочи Филипче.

Во завршницата, Филипче предупреди на пошироката закана по државноста и граѓанската сигурност.

– Власта јасно покажа за една година: не сака правда – сака контролирана правда. А тоа е опасно за секој граѓанин.

Кога Власта е и обвинител и судија, тогаш никој не е безбеден. Тогаш државата престанува да постои, заклучи Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Фабриката на предизвикување страв и паника на СДС, под водство на Филипче нема да успее како што не успеа ни за мигрантите, ни за водата, ниту за пензиите

ДЕСК

ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ВО СКОПЈЕ – Во него удрило товарно возило „мерцедес“

ДЕСК

ТЕШКО ПОВРЕДЕН 57-ГОДИШЕН ПЕШАК ВО СКОПЈЕ – Во него удрил „фолксваген кеди“

ДЕСК