Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Лишен од слобода возач од тетовско, управувал возило со брзина од 190 км на час на место каде што е дозволено 80 км на час

-На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско. При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час, соопшти МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција

ДЕСК

Мицкоски: Владата останува да фокусира на вистинска потреба на граѓаните и државата, изјавите на СДСМ за мигрантите се дифузни

ДЕСК