Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Влада: 50тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

-Владата континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија. За таа цел на 50тина училишта ширум Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период, соопшти Владата.

„Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа, за инвестирање во обновливо извори за енергија.

Со оваа инвестиција ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците.

Преку инвестирање во обновливите извори на енергија ќе ги намалиме финансиските трошоци, но и ќе придонесеме за намалување на загаденоста на животната средина.

Владата има визија, план и цел за подобрување на образовниот процес.

Преку квалитетно реформирано образование и преку реализација на проекти ќе го подобриме образовниот систем.

Државата е на патот на промените.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК