Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Власта со судски прогон против критичките медиуми, Апелација ја потврди пресудата против Џабир Дерала

Власта продолжува со судски прогон против малкуте медиуми кои не се наклонети на нејзина страна.

Вчера, Апелациониот суд во Скопје ја потврдил пресудата против уредникот на Цивил медиа, Џабир Дерала за текст преземен и објавен кога Христијан Мицкоски беше главен опозиционер.

Во изјава за јавноста, Дерала порачува дека оваа пресуда уште еднаш ја покажува длабоката испреплетеност меѓу политичката моќ и судството во земјата.

„Злоупотребата на институциите за замолчување на новинарите и активистите е белег на авторитаризам, а не на демократија. И покрај политичкиот притисок и обидите за заплашување преку исцрпувачки судски процес, останувам цврсто посветен на вистината, транспарентноста и демократските вредности. Овој случај не е само против мене лично – тој е напад врз секој што има храброст да ѝ се спротивстави на неправдата и да ја критикува власта“ вели Дерала.

Според него, ваквите постапки и во јавниот простор и преку институциите, се директен удар врз слободата на медиумите, слободата на изразување и правото на критика во едно демократско општество.

Дерала додава дека и покрај таквиот епилог, тој нема да биде замолчен.

„Замолчувањето на критичките гласови само ја продлабочува кризата на демократијата. Мојата решеност да ја бранам слободата на изразување, човековите права и демократските вредности е посилна од кога било“ вели Дерала.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК