Centar.mk
СВЕТ

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел, во кои, според израелските медиуми, загинаа најмалку осум лица, а над 100 се повредени.

Нападите следеа откако израелската војска потврди дека извршила удари врз иранската нуклеарна инфраструктура, додека иранското Министерство за нафта соопшти дека е погодено складиште за нафта Шахран во Техеран.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом (МДА) потврди дека во нападите загинале четири лица во Бат Јам, јужно од Тел Авив: жена во 60-тите, жена во 80-тите, момче од околу 10 години и девојче, веројатно во истиот напад. Во Тамра, на северот на Израел, локални извори јавија дека четири жени од исто семејство загинале во еден од нападите.

МДА пријави 140 повредени, од кои некои се во тешка состојба, со напомена дека бројките може да се променат со пристигнувањето на нови податоци.

Цел на нападите биле делови од централниот дел на Израел, вклучувајќи го подрачјето околу Тел Авив, каде што во Бат Јам е директно погодена станбена зграда./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ ВО БРИСЕЛ – Националниот протест носи сериозни нарушувања во авионскиот сообраќај

ДЕСК

СЕЛО ВО АНГЛИЈА ГЛАСАШЕ ЗА „ОТЦЕПУВАЊЕ“ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Причината се плановите за сместување мигранти

ДЕСК

КЛИМАТСКИОТ САМИТ COP31 ПРЕД НЕУСПЕХ – ЕУ НЕЗАДОВОЛНА ОД НОВИОТ ДОГОВОР, СПОР ОКОЛУ НАФТАТА И ГАСОТ

ДЕСК