Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Таравари: Националистичкиот пристап на ВМРО нè враќа во менталитетот на комунизмот

 

Лидерот на АА ја критикуваше пристапот на актуелната влада, особено на премиерот Христијан Мицкоски, споредувајќи го со менталитетот на поранешниот комунистички систем.

„Кај Албанците, особено, се создава впечаток дека сме се вратиле во комунизмот – кога имаше неколку Албанци на власт, но кои беа послушни кон режимот. Тие беа таму само како декор, без глас и влијание. Ние ја напуштивме владата за да испратиме сигнал дека вака повеќе не може. Партнерството подразбира еднаквост и меѓусебна почит,“ – истакна Таравари за ИМА.

Тој нагласи дека напуштањето на владата беше чекор за будење на општествената свест и за враќање на вниманието кон клучните теми како што се соживотот, интеграциите и децентрализацијата.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВРАЌА ЗИМАТА, ДОЖД И СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +