Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче од Гостивар: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци

„Да се задолжи земјата 6 милијарди евра и да не се каже кои се условите за заемот, колкава е каматата, кои се роковите е ненормално “, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во синоќешната средба со членството во Гостивар.

„ Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци и сето тоа се крие со еден стратешки договор со Велика Британија. Ја слушав министерката за финансии она кажува британски фирми ќе работат па се збуни кажа после Закон за јавни набавки, ние проверивме не е така“, рече Филипче.

Филипче оценува дека целиот овој процес ја одалечува државата од патот кон Европска унија.

“Се позајмуваме огромни суми на пари, а притоа е закочен процесот на интеграција во ЕУ. За вакви проекти како што најавуваат тоа е пругата ЕУ дава грантови. Зошто ваков заем со кој ќе задолжиме следни генерации, кога можеме да добиваме грантови и далеку поповолни услови“, праша Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +