13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОвест

Улицата „Дебарца“ готова до крајот на месецот, се работи со полна пареа

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности за реконструкција на улицата „Дебарца“, каде се работи со засилена динамика.

Во оваа фаза се врши гребење на старата и дотраена асфалтна подлога во должина од 240 метри, по што ќе следи поставување на нов асфалт. Завршена е и реконструкцијата на тротоарот со поставување нов бекатон, на површина од 900 квадратни метри, а поставени се и нови рабници од двете страни на улицата.

„Во моментов сме на терен, каде интензивно се изведува реконструкција на улицата ,,Дебарца”. Очекуваме работите целосно да завршат до крајот на месецот, согласно планираната динамика”, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Aктивностите се дел од пошироката реконструкција на улицата „Дебарца“, на потегот од улицата „Ленинова“ до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Станува збор за целосна санација на коловозната површина од 1.700 квадратни метри.

Овој дел од улицата беше во многу лоша состојба, со сериозни оштетувања кои го отежнуваа нормалното одвивање на сообраќајот.

,,Со реконструкцијата, ја подобруваме безбедноста и условите за движење, но даваме и нов, поуреден изглед на просторот“, посочи Герасимовски.

Оваа интервенција се реализира во рамки на инвестиција вредна 40 милиони денари, обезбедена од претходната Влада, со намена за обнова на улиците „Светозар Марковиќ“ и „Дебарца“.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

ДЕСК

Герасимовски: Опожарените бараки кај „Партизан“ заминуваат во историја, го враќаме просторот во функција на граѓаните

C +

Герасимовски: Уште првата година ќе ги почнеме капиталните проекти

C +
error: Соддржината е заштитена.