Centar.mk
СВЕТ

Рубио разговараше со началникот на пакистанската армија, повика на деескалација

Американскиот државен секретар Марко Рубио разговараше со началникот на пакистанската армија, генерал Асим Мунир, и ги повика Пакистан и Индија да најдат начини за деескалација, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент.

Рубио, исто така, понуди американска помош за започнување конструктивни разговори за да се избегнат идни конфликти, рече портпаролот.

Пакистан соопшти дека рано утрово започнал воена операција против Индија, насочена кон повеќе бази, вклучувајќи и складиште за ракети во северна Индија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БРИСЕЛ ДЕНЕСКА ДОМАЌИН НА „ЕДНО ЗДРАВЈЕ“ – Заеднички одговор на ризиците за луѓето, животните и животната средина

ДЕСК

ЗЕЛЕНСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВ МАСОВЕН НАПАД – Во фокус енергетиката и логистиката

ДЕСК

ВРХОВНИОТ СУД ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА – Нема итна наредба за издвојување гласачки ливчиња во Калифорнија

ДЕСК