Centar.mk
СВЕТ

Пакистанскиот премиер свика состанок на телото кое го надгледува нуклеарниот арсенал

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф свика состанок на Националната команда во саботата, соопшти војската, откако Исламабад започна воена операција против Индија, насочена кон повеќе бази.

Ова највисоко тело од цивилни и воени функционери донесува безбедносни одлуки, вклучително и оние поврзани со нуклеарниот арсенал на земјата.

Тензиите меѓу нуклеарно вооружените соседи ескалираа оваа недела, откако двете страни се обвинија меѓусебно за нарушување на воздушниот простор со испраќање дронови и друга муниција, при што загинаа најмалку 48 лица./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БРИСЕЛ ДЕНЕСКА ДОМАЌИН НА „ЕДНО ЗДРАВЈЕ“ – Заеднички одговор на ризиците за луѓето, животните и животната средина

ДЕСК

ЗЕЛЕНСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВ МАСОВЕН НАПАД – Во фокус енергетиката и логистиката

ДЕСК

ВРХОВНИОТ СУД ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА – Нема итна наредба за издвојување гласачки ливчиња во Калифорнија

ДЕСК