6. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Москва го слави Денот на победата, бројни светски лидери пристигнаа кај Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денес ќе одржи говор на „најголемата досега“ воена парада во Москва по повод Денот на победата, со кој се одбележува победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Русија го слави Денот на победата повеќе од три години по почетокот на инвазијата на Украина, која ја напаѓа секојдневно и покрај напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја прекине војната. Путин нареди тридневен прекин на огнот во Украина поради настанот. Но нападите продолжуваат.

Поканите за прослава на Денот на победата во Москва ги прифатиле лидерите на околу 20 земји, вклучувајќи го и кинескиот претседател Кси Џинпинг, според Кремљ. Москва не ја исклучи можноста севернокорејските војници кои ѝ помогнаа на руската армија да ги протера украинските сили од Курската област да учествуваат на парадата за прв пат.

Европската унија ги предупреди своите лидери да не одат во Москва за настанот, но словачкиот премиер Роберт Фицо одлучи да оди.

„Одам“, рече тој во видео порака објавена на социјалните мрежи вчера. „Разбирам дека се води војна“, рече тој. „Но, нема да ја мешам сегашноста со она што се случило помеѓу 1941 и 1945 година.“/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп ќе го преименува Министерството за одбрана во Министерство за војна

C +

Руски дрон уби двајца мажи и една млада жена во Украина

C +

Украинците ја нападнаа најголемата рафинерија на рускиот нафтен гигант

C +