Centar.mk
photo created by AI
СВЕТ

Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по локално време кога млад човек вооружен со секира нападнал луѓе на кампусот.

Портпаролот на канцеларијата на окружниот обвинител изјави дека еден административен службеник на универзитетот бил убиен на местото на настанот. Обезбедувачот бил префрлен во болница во критична состојба.

Варшавската полиција потврди дека привела 22-годишен Полјак. Според информациите, станува збор за студент.

Ректорот на универзитетот изјави дека четврток ќе биде ден на жалост во институцијата, нарекувајќи го нападот „огромна трагедија“. „Изразуваме голема тага и сочувство до семејството и најблиските“, се вели во соопштението на ректорот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американец почина од хантавирус: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“

C +

Нов Зеланд отпушта 14 проценти од вработените во јавниот сектор поради штедење

C +

Иран објави што сака од САД: укинување на санкциите, крај на блокадата и компензација

C +