Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

На 07.05.2025 во 01.00 часот во кругот на поранешна фабрика Железара, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.З.(30) од скопско, А.Х.(24) од Скопје и Б.С.(33) од липковско. По претходно добиени сознанија и преземени мерки, тие биле затекнати при вршење кривично дело. Имено, лицата подолг период вршеле кривични дела во кругот на Железара и со огнено оружје се заканувале кон вработените. Во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со лицата и во содејство со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка по член 291 од Кривичниот законик, додека од судија на претходна постапка на тројцата им е изречена мерка притвор од осум дена и биле спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +