Centar.mk
СВЕТ

Пакистанска армија: Соборивме пет индиски авиони и дрон

Пакистански безбедносни извори тврдат дека собориле пет борбени авиони на индиските воздухопловни сили и едно беспилотно летало за време на индискиот напад, објавија дописниците на Си-ен-ен Софија Саифи и Ник Робертсон во Исламабад.

Според соопштението доставено до новинарите, три француски авиони „Рафал“, еден МиГ-29 и еден СУ-30, како и индиско извидувачко беспилотно летало „Херон“, биле соборени во одбранбената акција.

Истата информација ја потврди и друг висок функционер на пакистанската влада.

Во извештајот не се наведува точната локација или начинот на кој авионите биле соборени. Претходно вечерта, пакистанските власти тврдеа дека собориле три авиони и едно беспилотно летало.

Си-ен-ен не беше во можност независно да ги потврди овие тврдења и ја контактираше индиската влада за коментар.

Постојат и други непотврдени извештаи за поголема штета нанесена од пакистанските сили, и копнени и воздушни, врз индиските сили./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трагедија на екскурзија во Грција: 15-годишен ученик паднал од хотелска тераса, лекарите не можеле да го спасат

C +

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

C +

Украина ја обвини Унгарија за киднапирање седум банкари и кражба на пари

C +