Пивара Скопје, најголемата домашна компанија за пијалаци, го проширува своето богато портфолио со уште една премиум категорија – автентичното италијанско кафе Caffè Vergnano (Кафе Верњано). Со оваа стратешка одлука, Пивара Скопје влегува во категоријата кафе производи и продолжува со реализација на својата визија, да понуди 24/7 портфолио со пијалаци и брендови за секоја пригода во текот на денот. На овој начин, Пивара Скопје уште еднаш покажува дека е компанија што ги следи и поставува трендовите во индустријата, создавајќи вредност и за пазарот и за потрошувачите.
Со повеќе од 140 години традиција и присуство во над 90 земји, Caffè Vergnano претставува симбол на италијанското кафе наследство и супериорен квалитет. Ова партнерство е дел од пошироката стратегија на групацијата Coca-Cola HBC, каде припаѓа Пивара Скопје, која преку стекнување на 30% сопственички удел во компанијата Casa del Caffè Vergnano, креираше нови можности за раст и иновации во категоријата кафе.
„Нашата нова соработка со Caffè Vergnano претставува значаен исчекор за Пивара Скопје во светот на кафе културата. Со ова премиум италијанско кафе, едно од најстарите пржилници за кафе во Италија – од 1882 година, ја збогатуваме нашата понуда со автентично искуство кое ја спојува традицијата со современите вкусови. Caffè Vergnano не е само бренд, туку приказна која се раскажува преку секоја шолја кафе, а ние сме горди што сме дел од тоа патување. Со вклучувањето на Caffè Vergnano во нашата понуда отвораме ново значајно поглавје во развојот на Пивара Скопје. Со оваа премиум понуда ја надградуваме нашата визија да им обезбедиме на потрошувачите комплетно портфолио на пијалаци за секоја прилика 24/7. Веруваме дека љубителите на кафе во нашата земја веднаш ќе ја препознаат страста, квалитетот и стилот што го носи ова кафе, а ние сме тука да им го овозможиме тоа“, изјави Владимир Хуибнер, менаџер за кафе во Пивара Скопје.
Caffè Vergnano е достапно ексклузивно во угостителските објекти преку HORECA каналите во повеќе градови низ земјава.
„Оваа вест претставува уште едно возбудливо проширување на нашето партнерство со Coca-Cola HBC. Тоа ќе ни помогне да ги забрзаме нашите амбиции за раст и да го прошириме дометот на нашиот бренд надвор од Италија. Комбинирајќи го знаењето, искуството и капацитетите на Пивара Скопје со нашето кафе наследство и длабоко познавање на индустријата, уверени сме дека ова ќе биде моќно партнерство кое ќе донесе нови возбудливи искуства кај љубителите на квалитетното кафе на македонскиот пазар“, изјави извршната директорка на Casa del Caffè Vergnano, Каролина Верњано.
Пивара Скопје е најголем производител на пиво и безалкохолни пијалаци во земјата, а нејзиното портфолио ги вклучува и некои од најпознатите светски брендови на жестоки пијалаци. Како пазарен лидер, компанијата активно работи на развој и унапредување на сите категории на пијалаци на пазарот, стремејќи се кон постојана иновација, посветеност и доследен квалитет. Од компанијата најавуваат и други возбудливи иновации во блиска иднина, кои, како и досега, сигурно ќе бидат позитивно прифатени од потрошувачите.