15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Истрага за сообраќајна несреќа во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот по член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 33-годишен скопјанец, на 25 април, како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност телото на луѓето.

По десната сообраќајна лента од улицата ”Џон Кенеди” управувал моторцикл „Пиаџо Беверли ” со скопски регистарски ознаки и тоа без заштитен шлем и без да поседува возачка дозвола од “A” категорија за тој вид на моторцикл.

Кога дошол пред влезот на основното училиште “Васил Главинов”, на обележан пешачки премин не обрнал внимание на пешаците кои започнале да чекорат и кои имал обврска да ги пропуштил.

Со предниот десен дел од моторциклот удрил во телото на оштетеното 10-годишно девојче кое го поминувало коловозот на пешачкиот премин. Од ударот девојчето се здобило со тешка телесна повреда – скршеница.

Јавниот обвинител со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во Судот и привремено одземање на патна исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање. Судот го прифати предлогот и ги определи мерките.“ – соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Митовски: Четири години ниту капка труд за Булачани – јас ќе ја донесам водата, инфраструктурата и достоинството назад!

ДЕСК

ВЛАДА: Од Филипче не очекуваме да знае и да биде економист, но одговорноста налага барем да се консултира со некого што разбира бројки

ДЕСК

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

C +
error: Соддржината е заштитена.