Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

АМСМ препорачува: Возачите да бидат внимателни по влажните коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во земјава утринава се одвива непречено, информираат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Според нивните податоци, коловозите на одредени места се влажни, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат на возачите прилагодување на брзината според условите на патот, строго почитување на поставената сообраќајна сигнализација и зголемено внимание при управување со возилата. Особено внимателно треба да се вози низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност за појава на одрони.

Најризични за одрони се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ дополнително информира дека мостот на реката Вардар, на регионалниот пат Р1312 кај Башино село, останува затворен за секаков вид на сообраќај./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК

Апсења на повеќе локации низ Скопје – Шест млади лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК