Centar.mk
СВЕТ

Руте: Русија е долгорочна закана за алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека членовите се согласуваат дека Русија е долгорочна закана за алијансата, пренесува ДПА.

„Сите се согласуваме во НАТО дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО – за целата евроатлантска област“, ​​рече Руте по состанокот во Белата куќа.

На прашањето за можноста за договор меѓу Русија и Украина, поранешниот холандски премиер рече дека во моментов „нешто е на маса“, но дека топката сега е на теренот на Русија. Генералниот секретар на НАТО е уверен дека САД ќе ги предводат напорите за завршување на војната во Украина.

„Не гледам ситуација во која САД ќе си заминат. Гледам ситуација во која, под водство на претседателот Трамп, ова може да се доведе до позитивен крај, а тоа е многу важно“, рече Руте. Лидерите на НАТО ќе се состанат во Хаг кон крајот на јуни./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

C +
error: Соддржината е заштитена.